| четврток, 6 декември 2018 |

Мората: Кога го доведовме Алегри не маваа со јајца

Јувентус со вчерашната победа во Џенова против Сампдорија од 1-0 и официјално ја одбрани титулата од минатата година и сега со ладни глави можат да се завртат кон полуфиналето од Лигата на шампионите.
Јувентус создаде недостижна предност од 17 бода во однос на конкурентот Лацио и сосема заслужено управата заедно со играчите и симптазерите на „старата дама“ ја прославија титулата.

Директорот Џузепе Марота се осврна на новото „скудето“, потсетувајќи дека одличен беше потегот на раководството за ангажман на Масимилијано Алегри.

– Оваа шампионска титула има посебна убавина. Доведовме нов тренер и добивме многу критики. Не гаѓаа и со јајца, не го сакаа Масимилијано Алегри на клупата на Јувентус, но јас и моите соработници знаевме дека е тоа одличен потег за клубот. Тој е тренер со голем капацитет и тоа го докажа оваа сезона. Ја одбранивме шампионската круна, но и ќе се бориме за големото финале во Лигата на шампионите – изјави Марота.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top