| четврток, 6 декември 2018 |

Мејведер остана непоразен во „борбата на векот“, но е испратен со свирежи од публиката (видео)

Бокс мечот меѓу Флојд Мејведер и Мани Пакјао наречена „борба на векот“ заврши со победа на американецот на поени по 12 тешки рунди.
Мејведер победата ја однесе со еднголасна одлука на судиите од: 118-110, 116-112 и 116-112, и покрај тоа што сето тоа предизвика многу контроверзи веднаш во светската спортска јавност поради, наводна, пристрасност на судиите.

Floyd Mayweather vs Manny Pacquiao

Со оваа победа Мејведер остана непоразен во својата кариера и по 48 меча, додека Пакјао го доживеа шестиот пораз во својот 65.меч.
Како и што се очекуваше Американецот предноста ја создаде во првите неколку рунди кога успеа да зададе повеќе удари кој противникот пред се поради подолгите раце и одличната дефанзива по налетите на противникот.

Floyd Mayweather vs Manny Pacquiao

Што се однесува до самиот бокс, ова беше далеку од „борба на векот“, иако имаше и одлични моменти и драми. Но, свирежите кои ги доби Мејведер за време на победничкиот говор доволно зборуваат што публиката мисли за борбата.

Floyd Mayweather vs Manny Pacquiao

По овој меч Мејведер најави дека се повлекува од професиналниот бокс во септември, но се очекува до тогаш да биде закажана уште една борба меѓу овие двајца боксери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top