Рокот за отплата на аранжманот за финансирање е 12 години, со каматна стапка со разлика од 3,75 отсто – 4,25 отсто пред завршување, односно разлика од 2,75 отсто – 3,25 отсто над ЛИБОР по завршување на проектот.
Услов за добивање на аранжман за финансирање е склучување на договор со топилница во германска сопственост за преземање на бакарен концентрат.
Дополнителни со мандатно писмо од Германскиот гарантен фонд UFK договорени се и услови со Caterpillar Financial („Cat Financial“) за аранжман за финансирање на опрема во вредност од најмногу 25 милиони американски долари. Овој аранжман за опрема се однесува на финансирање на било која опрема Cat купена за проектот Иловица во Македонија. Рокот на отплата на аранжманот за финансирање на опремата е 5 години со разлика од 4,50 отсто – 5,50 отсто над ЛИБОР.
– Потпишувањето на овие мандатни писма во комбинација со УФК поддршката, е значително достигнувње во нашиот план за финансирање и покажува голем интерес за проектот Иловица. Во комбинација со Договорот за испорака на злато со Ројал голд, обезбедуваме 400 милиони американски долари за финансирање на изградбата на Иловица. Со вклучување на банките уште на почетокот на процесот ќе бидеме во можност да го спроведеме процесот на длабинска анализа паралелно со DFS/FEED а да се избегне одлагање при приемот на одобрението за градба во 2016 година. Со предвидената поддршка од УФК успеавме да обезбедиме поволен рок на отплата на кредитот до 12 години, така што нашите акционери ќе имаат корист од зголеменото задолжќување и ова драстчно ја зголемува внатрешната стапка на поврат на средства на проектот, изјави Варшан Гокул главен финансиски директор на Еуромакс ресурсис.
Поддршката од Германскиот гарантен фонд се темелат на резултатите на Предфизибилити студијата за проектот Иловица, објавен од страна на компанијата во јуни 2014 година и се наменети за финансирање на проектот Иловица, заедно со Договорот за испорака на злато вреден 175 милиони американски долари објавен во октомври, 2014 година.
Потпишувањето на мандатните писма ќе и овозможи на компанијата да продолжи со планот за завршување на потребната длабинска анализа, потребна за комплетирање на поддршката за проектниот аранжман и аранжманот за опрема, паралелно со завршувањето на конечната физибилити студија за Иловица која е во тек.
Финансискиот аранжман и аранжманот за опрема е предмет на длабинската анализа која треба да ја извршат главните кредитори и Cat Financial, вклучувајќи финансиски, правни, технички, еколошки и социјални длабински анализи. Поддршка од Германскиот гарантен фонд ќе биде предмет на понатамошни длабински анализи и одобрување од страна на германската влада.
Изградбата на рудникот за бакар и злато – Иловица, треба да заврши кон крајот на 2017 година. Неговата изградба ќе чини околу 500 милиони долари, а според плановите во новиот рудник ќе се вработат околу 400 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
СДСМ од Иловица и Штука со директни пораки кон Заев: Премиерот да се изјасни дали ќе го сопре рудникот или не!
-
Иван влегол во банка да плати кредит, но ѝ го загорчил животот на службеничката
-
Босилово денеска гласа за рудникот Иловица, Владата го држи договорот во тајност
-
Седумнаесет години затвор за македонски државјанин во САД