| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец крвнички ја претепал сопругата

тепање

 Две кривични пријави се поднесени против 34-годишниот скопјанец Љ.Б. кој на 20-ти минатиот месец во два наврати ја претепал сопругата со која повеќе години имал меѓусебни недоразбирања.

Од полицијата информираат дека по претходна вербална расправија со сопругата во семејниот дом, Љ.Б. и се заканил по што ја нападнал најпрво влечејќи ја за косата.

Теророт врз жената продолжил со боксови и клоци по телото и главата, а мажот ја турнал и врз стаклена маса која се скришила од ударот. Потоа земал пепелник и со истиот ја удрил во грбот нанесувајќи и расекотина.

Жената со Итна медицинска помош била пренесена во ГОБ „8. Септември“ каде и се констатирани телесни повреди.

Полицијата му поднесе кривична пријава за поради нанесување телесна повреда при семејно насилство и загрозување на сигурноста, а одреден му е и осум дневен притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top