ВМРО-ДПМНЕ денеска го продоложува 15. Конгрес на партијата што се одржува во Куманово. На него учествуваат 560 делегати, кои треба да изберат престедател на партијата за следниот четиригодишен мандат.
Актуелниот претседател и премиер Никола Груевски е единствениот кандидат за претседателската позиција. Зад неговата кандидатура се потпишаа интелектуалци, основачи и актуелни партиски функционери, меѓу кои и режисерот Љубиша Георгиевски, Мане Јаковлевски, Филип Петровски, Бранко Саркањац, Сашко Кедев и други.
На првиот ден од Конгесот пред присутните се обрати актуелниот лидер и премиер Никола Груевски.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ на дело покажа дека може да обезбеди перспектива за граѓаните.- Во изминативе четири години имав одлична соработка со тимот како во партијата, така и во Владата. Успесите кои се направени се дело на заеднички труд, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски во извештајот за работата на партијата во периодот меѓу двата конгреса.
– Како партија внатре дебатираме силно, а надвор настапуваме единствено. Така треба се направи и во државата – рече премиерот Груевски, нагласувајќи дека деветте изборни победи во последните 10 години се резултат на посветеноста, работата и имањето слух за барањата на народот.
Тој посочи дека никој, па ни тој самиот, а и ВМРО-ДПМНЕ не се безгрешни и во текот на работата можат да направат грешки, но, додаде, лошо е што СДСМ преку монтажи и конструкции се обидува да дојде на власт.
– И покрај некои пропусти, грешки и застранување, ние сепак успеавме да се задржиме помеѓу народот и неговиот глас да не се игнорира – рече Груевски.
Посочи дека во услови кога има слаба опозиција „бомбите“ се добредојдени и доколку во стварноста не се случеа, некој требаше да ги измисли за дополнително да не мотивира вети правно и политичко разрешување на актуелната политичка криза во земјава, но европско и совесно однесување на ВМРО-ДПМНЕ за време на истрагата.
Нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ сака да се споредува со успешните во светот и додаде дека во областа на постигнатите резултати во економијата се неспоредливи со СДСМ.
Тој посочи дека наспроти ВМРО-ДПМНЕ опозицијата во изминатите четири години делуваше деструктивно, без сериозна програма ниту со тим кој влева доверба, ниту пак се реформираше и кадровски и суштински што помогна поцврсто да ја освојуваме подршката на мнозинството граѓани.
Претходниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ се одржа во Битола во 2011 година на кој актуелниот лидер Груевски го доби третиот мандат за водење на партијата.
Груевски за лидер прв пат беше избран на Конгресот во Охрид 2003 година, а противкандидат му беше Марјан Ѓорчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Шести македонски конгрес на историјата на медицината
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата