Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер за нешто помалку од два часа успеа да го скрши големиот отпор на аргетинскиот тенисер Диего Себастијан Шварцман и успеа да се пласира во финалето на АТП-турнирот во Истанбул што се игра на земјена подлога.
Федерер успеа да слави со 2-1 (2-6, 6-2, 7-5) во сетови откако го загуби првиот сет и мораше да се помачи во останатите два. Аргентинецот одигра одличен натпревар, но, сепак пресуди искуството на Федерер кое дојде до израз во клучните моменти.
Во финалето Федерер ќе се сретне со Уругваецот Пабло Куевас кој без поголеми проблеми славеше над Григор Димитров со 2-0 (6-2, 6-4).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.