| четврток, 6 декември 2018 |

Хорхе Лоренцо со првата пол-позиција оваа сезона

Поранешниот шампион во МотоГП шпанскиот мотоциклист Хорхе Лоренцо од тимот на Јамаха Мувистар супериорно ја освои пол-позицијата на патеката Херез што се вози за Големата награда на Шпанија. Тој воедно постави и нов рекорд извозјувајќи најбрз круг со време од 1:37.910 минути. Доминацијата што ја имаше Лоренцо во текот на тренинзите во изминатите денови и денешната пол-позиција, го става во фаворитска улога за првото место.
На втората позиција заврши сонародникот на Лоренцо кој воедно е и актуелен шампион, Марк Маркез, додека од третото место ќе стартува Андреа Јаноне. Лидерот во генералниот пласман, пак, Валентино Роси ќе стартува од петата позиција.

Трката се вози утре со почеток од 14 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top