Атланта ноќеска ја оствари клучната победа во серијата на гостински терен кај Бруклин и се пласираше во полуфиналето на источната конференција откако ноќеска славеше со 111-87.
Јастребите речиси без мака дојдоа до победата откако уште во првата четвртина дојдоа до високи 13 коша разлика, за во третиот период од играта целосната доминација на теренот ја крунисаа со 20 коша поени разлика (41-21).
Најефикасен кај Атланта беше Пол Милсап со 25 поени, додека по 20 поени запишаа Корвер и Керол. Перо Антиќ немаше голема минутажа на синоќешниот меч и поради брзите лични грешки кои ги нареди, па за нешто повеќе од 9 минути на паркетот не успеа да постигне кош, останувајќи на само еден дефанзивен скок.
Во полуфиналето на Истокот, Атланта ќе се соочи со Вашингтон. Првиот меч од пресметката е утре во Атланта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)