| четврток, 6 декември 2018 |

Германскиот претседател зад барањето за отштета од нацистичката окупација на Грција

germanija grcijaПретседателот на Германија Јоаким Гаук изрази поддршка за барањето на Атина за отштета поради нацистичката окупација на Грција во Втората светска војна, иако германската Влада ги одбива таквите барања.

Гаук, кој има мала власт во државата, во интервју за денешен „Зидојче цајтунг“ изјави дека Германија треба да ја разгледа историската одговорност кон Грција.

– Ние не сме единствено народ кој живее овие денови и во ова време, туку сме и потомци на оние кои зад себе оставија трага од деструкција во Европа за време на Втората светска војна – меѓу останатото и во Грција, а срамно е што толку долго сме знаеле толку малку, рече тој.

gauk– Вистинска работа е една историски свесна земја како што е нашата, да ја разгледа можноста за репарација, изјави германскиот претседател.

Заменикот грчки министер за финансии Димитрис Мардас минатиот месец пред комитетот на грчкиот парламент изјави дека Германија и должи на Грција речиси 279 милијарди евра отштета за нацистичката окупација на земјата.

Властите во Берлин тврдат дека Германија веќе го решила проблемот на отштета на Грција со склучувањето договор за реапарација со Германија во 1960 година.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас претходно рече дека овој договор не ги покрил главните барања на Грција, вклучувајќи надомест за уништената инфраструктура, воени злосторства и враќање на принудниот заем, кој нацистите го зеле од окупирана Грција и никогаш не го вратиле.

Посебно прашање е заемот од 476 милиони марки, кој бил изнуден од Банката на Грција во 1942 година, а кој нацистите го користеле за финансирање на воената кампања во северна Африка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top