Денешните реклами се брзи, гласни, кратки, полни со звуци и боја. Сепак, не било секогаш така. Нема да верувате, но ова е една од првите реклами од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, снимена во 1926 година во Белград, а рекламира паста за заби.
Рекламата трае неверојатни 7 минути и 42 секунди, а била снимена во Белград во 1926-тата година. Во главните улоги биле девојките Наталија и Милица. Додека Наталија е кралица на плажата, секогаш окружена со мажи, Милица мажите ја избегнуваат и секогаш е сама, а не ја знае причината за тоа.
Таа потоа одлучува да побара совет од Наталија, која открива дека тајната е во пастата за заби. Рекламата била снимена во Белград, а ја режирал Јосип Новак.
Милица ја глумела Љубица Буба Вељковиќ, а Наталија ја глумела Невенка Урбанова, позната актерка од белградскиот театар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)