| четврток, 6 декември 2018 |

Тоалетната хартија заминува во историјата? (Видео)

кенефНапредната технологија оддамна влезе во тоалетот, а најновиот левел нуди електрична тоалетна даска со вградена прскалка со вода која би ја заменила тоалетната хартија. Следува и сушење со вграден фен со топол воздух кој после миењето нема да ве остави навлажнети.

Секако, не би било хумано доколку нема и автоматско загревање на тоалетната даска, за да комоцијата биде перфектна.

И сето тоа доаѓа во пакет со кој може да ја прилагодите температурата на водата, силината на прскање, аголот на прскање, температурата на воздухот за сушење на задникот, температурата на даската како и аромата од ароматизерот.

И сето тоа со далечински управувач!

Нормално сите желби може однапред да бидат запаметени за корисникот, па со едно копче тоалетот да му биде по мерка. Секако, производителот вели дека овој изум е одлечен за релаксирачка масажа!

Главната поента е дека е еколошки и не се уништуваат дрвјата за производство на хартија за една употреба.

Единствен проблем кој не се посочува е дека- што ли ќе стори овој тоалет ако- снема струја??

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top