| четврток, 6 декември 2018 |

Сили лојални на Мансур Хади го зазедоа аеродромот покрај Аден

Армиски сили што го поддржуваат јеменскиот претседател Абд Рабу Мансур Хади презедоа целосна контрола врз меѓународнито аеродром во близина на Аден.

Шеик Салем Насер ал Маркуши, кој е командант на северниот фронт во провинцијата Аден, изјави дека успеале да ги совладаат од аеродромот вооружените групи на шиитското движење Ансар Алах (Хути) и симпатизери на поранешниот претседател Али Абдула Салех.

Тој додаде дека при жестоки борби во  изминатите неколку дена крај аеродромот загинале над 35 Хути, а околу 20 биле заробени. Неговите сили – Одреди на народен отпор, загубиле помалку од десет борци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top