Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, очекува изборниот ден да помине мирно, без какви било инциденти, насилства и без посериозни нерегуларности.
– Се надевам дека граѓаните на Република Македонија масовно ќе излезат на избирачките места и ќе го остварат своето право, но и ќе ја исполнат својата граѓанска должност и, по сопствено убедување, без какви било притисоци и закани, ќе го дадат својот глас за таа опција за која сметаат дека е најдобро – рече Црвенковски откако го оствари своето право на глас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.