| четврток, 6 декември 2018 |

Кејт Мидлтон најверојатно ќе се породи со провокација

Војводката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, најверојатно, ќе се породи со лекарска провокација, откако за една недела е надминат крајниот термин за раѓањето на нејзиното второ дете, тврдат лондонските весници кои со големо внимание го очекуваат второто кралско бебе.

kejt-midlton-1361394925-271187

 

Војводата и војводката од Кембриџ, принцот Вилијам и неговата сопруга, одбележуваат четири години од нивната венчавка, но од Кенсингтонската палата, која е сега нивна службена резиденција, се порачува дека брачната двојка сака да ја прослави годишнината од нивната свадба, заедно со раѓањето на нивното второ дете.

Според весниците, Кетрин (Кејт) Мидлтон (33) се чувствува мошне добро и објаснуваат дека нема ништо нездраво и ненормално во оддолжувањето на нејзиното породување.

Таа е под контрола и во постојана врска со своите лекари,а медиумите објавуваат фотографја на која се гледа како војводката самата вози автомобил. Со „Ренџ Роверот„ што го користат Вилијам и неговата сопруга, Кејт Мидлтон заедно со својот син, принцот Џорџ е „уловена„ од фоторепортерите како со возилото се движи кон Бакингамската палата, на редовно пливање во тамошниот затворен базен.

Фотографијата е направен вчера и во џипот биле уште и нејзнииот телохранител и негувателката на малиот Џорџ.

Засега нема одлука околу тоа дали Кејт ќе се породи природно, или ќе биде употребена провикација под лекарска контрола.Медиумите, меѓутоа, откриваат дека во реонот на болницата „Сент Мери„ во лондонскиот кварт Падингтон, каде таа се породи со првото дете, а каде сега ќе се изврши и второто породување, за утре е најавено блокирање на сообраќајот.

Според британскиот печат, тоа е затоа што се очекува во болницата да дојде Кејт Мидлтон. Пред зградата на болницата веќе еден месец дежураат репортери, како и симпатизери на младата кралска двојка. Вилијам и Кејт се венчаа на 29 април 2011 година, во катедралната црква Вестминстер Аби, во центарот на Лондон. Војводата од Кембриџ е вториот во редот на претендентите на британскиот престол, зад неговиот татко, престолонаследникот Чарлс.

Малиот Џорџ сега е трет во редот на претендентите, а бебето кое се очекува да се породи ќе биде четвртиот претендент на тронот, без разлика дали пак ќе биде машко, или ќе се роди девојче. Тоа претставува новина, по измената на досегашниот кралски закон, стар неколку векови, според кој машките потомци имаа предност во однос на женските.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top