| четврток, 6 декември 2018 |

Ескалира аферата БНД, и коалициските партнери на Меркел инсистираат на вистината

слуса

Еден од највлијателните германски весници „Шпигел“ тврди дека се зголемува притисокот врз владата на Меркел, која се обвиннува за изнесување невистини пред јавноста.

Покрај левицата, на вистината инсистира и СПД, коалициониот партнер на партијата на Меркел, ЦДУ. На владата ѝ се забележува дека на 14 април преку министерот за внатрешни работи, Томас Маицер, дала лажен исказ кога рекол дека „нема информации за индустриска шпионажа од НСА или други американски служби“. Според „Шпигел“, уште тогаш федералната влада знаела за обидите на НСА да ја искористи соработката со своите германски партнери во следење на германски и европски компании.
За обидот НСА  да ги прислушува компаниите од областа на одбраната „ЕАДС“  и „Еурокоптер“ се знаеле уште во 2010 година кога владата била информирана од страна на БНД, која уште во 2005 пронашла таен документ кој потоа бил ставен ад акта. Германската влада подоцна го потврдила постоењето на документот.
Според претставникот на левичарската партија „Линке“, Јан Корте, одговорот на министерот од 14 април е очигледна лага.
Според договорот од 2002 година потпишан меѓу Германија и САД, БНД соработувала со НСА во шпионскиот центар Бад Ајблинг, каде што биле следени сателитски комуникации. Според договорот, Американците можеле да следат телефони или е-пошта, а од операцијата биле исклучени германски граѓани и германски или европски економски интереси. Според „Шпигел“, подоцна било утврдено дека Америакнците не го почитувале договорот и го прошириле обемот на следење со илјадници нови пребарувањ,а но за тоа менаџментот не бил никогаш известен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top