| четврток, 6 декември 2018 |

МВР дисциплински: Полицаец патролирал со автомбил – го мрзело да пешачи, друг крадел дрва

police12

Полицајци тепале луѓе без причина, краделе дрва, патролрилае со приватно возило зашто ги мрзело да пешачат – МВР излезе со листа на свои вработени што се казнети по разни основи.

Во нивното соопштение стои:

„Во текот на изминатата недела, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 15 решенија против 15 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, во согласност со одредбите од член 206 став 1 точки 1, 2, 3, 7 и 8 и член 207 став 1 точки 1, 2, 4, 8, 10 и 15 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на девет вработени им е изречена мерка писмено предупредување, на петмина мерка парична казна, а на еден вработен мерка запирање на постапката, а се работи за:

Р.Б., криминалистички техничар во СВР Тетово, изречена му е мерка писмено предупредување (со средствата за работа не постапил во согласност со техничките упатства за работа),

Б.В., полициски службеник во ПС Гевгелија, изречена му е мерка писмено предупредување (не испратила увидна екипа на местото каде се случила сообраќајна незгода за да се утврди настанатата штета),

Г.Д., командир во ПС Гевгелија, изречена му е мерка писмено предупредување (не ја проследил навремено службената белешка за случена сообраќајна незгода),

Ј.К.-П., главен аналитичар-раководител во ПС Гевгелија, изречена му е мерка писмено предупредување (ненавремено постапила по работните обврски, односно во законскиот рок не доставила потврда на барателот на истото),

Н.Л., полициски службеник во ПС Чаир, изречена му е мерка писмено предупредување (во текот на 2012 година, доцнел по неколку месеци со изготвување на службениот материјал),

И.Д., полициски службеник во ПС Тетово, изречена му е мерка писмено предупредување (место да врши патрола пеш, се движел со приватно патничко возило),

Б.Х., полициски службеник во ПС Тетово, изречена му е мерка писмено предупредување (место да врши патрола пеш, се движел со приватно патничко возило),

Р.З., полициски службеник во ПС ОН Кисела Вода, изречена му е мерка писмено предупредување (физички нападнал лице нанесувајќи му телесни повреди),

С.В., самостоен инспектор во ПС Кавадарци, изречена му е мерка писмено предупредување (бил затечен како бесправно сече дрва),

А.Ш., инспектор во ПС Куманово, изречена му е парична казна во износ од 10 проценти од месечната плата во траење од четири месеци (не ги одзел патните исправи, кои биле пронајдени кај лице што било приведено и спроведено до КПУ Идризово),

А.Д., виш инспектор во ПС Струга, изречена му е парична казна во износ од пет проценти од месечната плата во траење од два месеца (не извршил увид при случена сообраќајна незгода),

Г.С., полициски службеник во ПО Жеровјане, изречена му е парична казна во износ од 10 проценти од месечната плата во траење од

три месеци (не доставил медицински извештај со кој би ги оправдал деновите кога не доаѓал на работа),

М.М., полициски службеник во ПС Гази Баба, изречена му е парична казна во износ од 10 проценти од месечната плата во траење од шест месеци (бил видно под дејство на алкохол, а одбил да се алкотестира) и

Д.П., полициски службеник во ПС ОН Гевгелија, изречена му е парична казна во износ од 15 проценти од месечната плата во траење од шест месеци (вршел дополнителна дејност без согласност од министерот). “

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top