| четврток, 6 декември 2018 |

Ставрески: За стопанството е неопходно што поскоро да се реши политичката криза

ставре

Добро би било политичката криза што побрзо да заврши со цел стопанството да ги оствари предвидените резултати – изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Одговарајќи на новинарско прашање, Ставрески оцени дека политичката криза не е добра за стопанството, на кое му треба стабилност и извесност.

– Очекувам дека резултатите на стопанството засега нема да бидат влошени, меѓутоа се зависи од тоа дали брзо ќе се дојде до одговор на политичката криза. Добро би било таа што побрзо да се затвори со цел стопанството да ги оствари предвидените резултати- нагласи вицепремиерот Ставрески по презентацијата на Стратегијата за внатрешна финансиска контрола 2015- 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top