| четврток, 6 декември 2018 |

Кокосово млеко и неговите предности

kokosovo mleko

Кокосовото млеко е одлична основа за потготовка на смути, милкшејк и е одлична замена за млеко за готвење.

Сите сме слушнале за кокосовото масло и неговите предности во однос на другите масла кои што ги користиме во секојдневната исхрана.

Но, исто така сме свесни и дека кокосовото масло не е евтина опција. За среќа ова не единствениот производ кој што можеме да го добиеме од кокосот. Пред се, тука е кокосовото млеко, одличната алтернатива  на кравјото млеко.

Кокос е многу хранлив и богат со влакна, витамин Ц, Е, Б1, Б3, Б5 и Б6, како и минерали како што се железо, селен, калциум, магнезиум и фосфор и  не содржи лактоза.

Кокосот и кокосовото млеко неоправдано имаат стекнато лоша репутација бидејќи тие содржат голема количина на масти.

Сепак ако им се верува на новите истражувања – не комсумирањето на доволно маснотии всушност може да предизвика зголемена телесна тежина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top