Утре (четврток, 30 април) во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи сеќавање на писателот Саме Лимани Жарноски, по повод 80-годишнината од неговото раѓање. За творештвото на Саме Лимани Жарноски ќе зборува Горан Анчевски, а обраќања ќе имаат Веле Смилевски, претседател на ДПМ, и Бојда Исмаил, претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија. Средбата ќе ја води Александра Велинова.
Саме Лимани Жарноски (1935-2007) својот работен век го помина како наставник по македонски јазик во селото Жировница. Таму го создаде својот опус од десетина поетски книги, меѓу кои: „Распукани бигори“, „Искри во изгасната пепел“ и „ Реквием во црно“. Беше член на Друштвото на писателите на Македонија од 1971 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија