Обезбедувањето на кралското семејство кое веќе неколку дена е во болницата „Сент Мери“ во Лондон денеска почнало да патролира околу родилиштето. Тоа беше прична да почнат сомневањата дека Војвотката од Кембриџ доаѓа во болница да се породи.
Дел од обезбедувањето патролира по ходниците на болницата, изјави поранешниот шеф на обезбедувањето на кралското смејство, Деј Дејвис.
Според неговите зборови, процедурата за обезбедување е иста како и за време на официјалната посета на кралското семејство, само што доаѓањето на членот на семејството, во овој случај Војвотката од Кембриџ, не е прецизно утврдено.
Обезбедувањето ќе биде во болница 24 часа, додека биде потребно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.