Пријавувањето за „Визер скопскиот маратон“ што ќе се одржи по повод 9 Мај – Денот на Европа, трае до крајот на месецот.
Организаторите денеска соопштија дека сите тие што сакаат да учествуваат да не чекаат до последен момент затоа што предвидениот капацитет се пополнува.
Пријавувањето се врши преку веб-страницата на маратонот www. skopskimaraton.com.mk.
Годинава, се очекува „Визер скопскиот маратон“ да биде најмасовен досега. Во рамки на маратонот ќе се одржи и државното првенство на Македонија во маратон, а новина е штафетниот маратон. По пат на лотарија, двајца македонски натпреварувачи/ки ќе имаат можност да трчаат на Њујоршкиот маратонот, што ќе се одржи на 11 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.