| четврток, 6 декември 2018 |

Преживеа две авионски несреќи, постигна поен за Мичиген и потоа ја прекина кошаркарската кариера (видео)

Остин Хеч постигна само еден поен во колеџ кошарката за Мичиген и преживеа две авионски несреќи во кои загинаа поголем дел од членовите на неговото семејство, а поради последиците мораше да ја прекине кариерата и да продолжи како асистент тренер.

За него велат дека е најинсипративниот пример во историјата на колеџ кошарката во САД, а имаше и неверојатна среќа. Во 2003 година во првата авионска несреќа што Остин ја преживеа, загинаа неговата мајка, 11-годишната сестра и 5-годишниот брат. Остин и неговиот татко кој управуваше со леталото ја преживеаја трагичната несреќа.

Осум години подоцна семејството Хеч со едномоторното летало патуваше кон летната куќа во Мичиген и повторно се случи трагедија. Малиот авион се урна, а само Остин се извлече жив со тешки повреди. Неговиот татко и неговата втора жена погинаа во инцидентот.

Coppin State v Michigan

Остин, иако преживеа неверојатни две авионски несреќи покажа челична волја да продолжи да игра кошарка, и успеа. Тој беше во индуцирана кома два месеци по втората авионска несреќа, а се врати на паркетот против Копин стејт. Кам-бекот беше емотивен за целата заедница и особено за Остин, за навивачите на Мичиген и за раководството на тимот, кои го поздравија неговиот настап со овации. Хеч успеа да постигне и еден поен од трите слободни фрлања на мечот, а потоа одлучи да се прости од кошарката и да биде асистент тренер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top