| четврток, 6 декември 2018 |

Toј има 102, таа 91 година – тоа не ги спречува да се венчаат

27F2F2CD00000578-0-image-a-20_1429893560453

Британците Џорџ Кирби и Дорин Лаки ќе се венчаат на 13 јуни, кога тој ќе наполни 103 години, а таа 91 година. Со тоа ќе станат најстарите младенци во светот.

Овие Британци се запзнале во 1988 година и заедно живееле 25 години. Имаат седум деца, 15 внучиња и седум правнуци. На Денот на вљубените годинава, Кирби конечно ја побарал раката на неговата сакана.

– Не клекнав на едно колено, бидејќи мислам дека немаше да можам да станам, опишува младоженецот како ја запросил својата невеста.

Двојката живее во хотел, во источен Сасекс и планираат да останат заедно до крајот на животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top