| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас попушти, почна распродажбата

Грчката радикална левичарска Влада ја спроведе првата приватизација од доаѓањето на власт пред три месеци, продавајќи ја 20 ­годишната лиценца за обложување на трки со коњи.

Лиценцата е продадена за 40,5 милиони евра на филијалата на чешко­грчката компанија Опап. Владата на премиерот Алексис Ципрас се противеше на плановите на своите претходници во врска со продажбата на државниот имот и пред доаѓањето на власт ветуваше дека ќе ги спречи таквите приватизации.

Грција, која се соочува со недостиг на средства, им порача на партнерите од еврозоната во февруари дека до крајот на овој месец ќе постигне спогодба со кредиторите за листата реформи неопходни за ослободување на преостанатите транши од кредитот на меѓународната помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top