| четврток, 6 декември 2018 |

Во Охрид ќе се гради затворен базен

груевски

Во Охрид ќе се гради затворен базен. Проектот е вреден пет милиони евра и ќе почне да се реализира во наредните месеци, најави Никола Груевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ и премиер на Македонија на вчерашниот народен собир во Охрид.

Во областа на спортот во Охрид и регионот се инвестирани 2 милиони евра за изградба на спортски сали и спортски терени.

 

– Објектот ќе се простира на површина од 15 илјади м2, со предвидени трибини и над 500 седишта, со димензии на базенот од 33 на 22 метри. Со ова по долги години искчекување Охрид и охриѓани ќе добијат затворен базен во чии рамки ќе има и деловен простор. Јавниот повик за изведувач за овој проект ќе излезе следниот месец, а со тоа започнува процедурата за градба – рече Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top