На земјоделците од охридско-струшкиот регион годинава ќе им бидат исплатени повеќе од 2,5 милиони евра за субвенции, објави вчера премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. На народниот собир пред охриѓани, Груевски истакна дека земјоделците од овој регион изминатите години добиле над 15 милиони евра субвенции.
– Продолжуваме понатаму, со други планови и идеи кои ги развиваме за тоа како да му се помогне на Охрид и на целиот регион – рече Груевски во Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.