| четврток, 6 декември 2018 |

Отпишаниот Лестер ја запиша четвртата победа во низа (видео)

Екипата на Лестер прави чуда во април во Премиерлигата и од најсериозен кандидат за испаѓање, се наоѓа се поблиску до опстанок во елитната англиска лига.

Денеска во меч од 34. коло. Лестер со 1-0 го победи конкурентот за опстанок Барнли и ја нанижа четвртата победа во серија.

Во само две минути среќата комплетно се сврте од едниот кон другиот табор. Во 59. минута Метју Тејлор промаши пенал за Барнли, а во следниот напад Џејми Ворди погоди за Лестер. Голот е вреден победа со која Лестер побегна од зоната за испаѓање.

Резултати: Саутемптон – Тотенхем 2-2, Барнли – Лестер 0-1, Њукасл – Свонси 2-3, Кристал Палас – Хал 0-2, КПР – Вест Хем 0-0, Стоук – Сандерленд 1-1, ВБА – Ливерпул 0-0.

vardi

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top