| четврток, 6 декември 2018 |

Шалке останува без Лигата на шампиони

Со головите на Штефан Бел во 28. и 31. минута екипата на Мајнц синоќа на свој терен го совлада Шалке со 2:0. По овој пораз тимот од Гелзенкирхен и дефинитивно ги загуби шансите за учество во квалификациите од Лигата на шампионите следната сезона.

Македонскиот интернационалец Николче Новески во победничкиот тим влезе од клупата за резерви во првата минута од судиското надополнување.

Во пресрет на другите дуели од 30.коло Мајнц се проби во горната половина на табелата (8.место), додека Шалке остана на паттата позиција.

Денеска се играат шест натпревари. Двојките се: Борусија Дортмунд – Ајнтрахт, Хановер – Хофенхајм, Штутгарт – Фрајбург, Хамбургер – Аугсбург, Келн – Баер Леверкузен и Баерн Минхен – Херта.

Последните две средби од овој круг на програмата се утре: Падерборн – Вердер и Борусија Менхенгладбах – Волфсубург.

Табела: Баерн Минхен 73, Волфсбург 61, Баер Леверкузен 54, Борусија Менхенгладбах 54, Шалке 42, Аугсбург 42.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top