| четврток, 6 декември 2018 |

Пратеник го напушти украинскиот Парламент поради малата плата

SESSION OF THE UKRAINIAN PARLIAMENT

Пратеник на партијата „Самопомош“ во украинскиот Парламент предвреме ја напушти фунцијата и своите овластувања заради малата плата, денеска соопшти прес службата на партијата, цитирана од ТАСС.

Според пратеникот Андриј Мирошник, „еден сиромашен политичар нема да изгради богата Украина“, а нема да ја изградат ниту „политичари кои се претвораат во сиромашни“ .

Мирошник изјави дека ќе се врати на работа во телекомуникацискиот бизнис.

ТАСС потсетува дека во октомври минатата година новоизбраниот пратеник во Врховната рада Мустафа Најем изјави дека нема да работи во Парламентот за плата од 5.000 гривни (околу 220 долари), затоа што со овие пари не може да се преживее во Киев.

Пред неколку дена украинските медиуми информираа дека пратениците си го вратиле старото ниво на плати (од 2013 година), односно на 17.000 гривни (по тогашниот курс – 2.600 долари). Веднаш реагираше раководството на Парламентот демантирајќи ги овие тврдења како провокация и соопшти дека пратениците добиваат 6.109 гривни (277 долари), односно две просечни плати во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top