СВР Штип до Основното Јавно обвинителство-Штип поднесе кривична пријава против В.Г.(21) од Штип, за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”.
Вчеравечер, по претходна телефонска пријава од страна на менаџерот на дискотека „Мистик”, било пријавено дека во делот каде се сместени В.И.П. сепарињата имало групирање на лица кои минатата недела учествувале во вршење на кривично дело „насилство”, испратени се неколку полицајци со цел превентивно набљудување.
Полицијата, соопшти денеска МВР, во делот каде се сместени В.И.П. сепарињата забележала две машки лица кои меѓусебно се туркаат и расправаат, при што од страна на полициските службеници кои најнапред со службени легитимации се легитимирале и се претставиле, е реагирано за да се спречи нарушување на јавниот ред и мир. Во тој момент едно од лицата им се обратило на полицајците со вулгарни зборови и видно под дејство на алкохол продолжил да ги навредува. Во еден момент го исплукал полицискиот службеник и физички го нападнал.
Полицискиот службеник е упатен во ЈЗУ Брза Помош Штип каде му е укажана лекарска помош.
Од страна на останатите полициски службеници напаѓачот е совладан и приведен во просториите на СВР Штип. Истиот видно бил под дејство на алкохол, при што му е извршено алкотестирање и е констатирано 1,35 промили алкохол во крвта.
Во просториите на СВР Штип се повикани повеќе лица сведоци на настанот кои ги појаснија околностите на извршеното дело. Освен повиканите сведоци во просториите на СВР Штип неповикани дошле и неговиот татко и неговата тетка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.