| четврток, 6 декември 2018 |

49 европарламентарци ја потпишаа Декларацијата за осуда на недемократскиот обид за преземање на власта во Македонија

На официјалната веб страна на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) денеска е објавена писмената декларација за „Осуда на недемократскиот обид за преземање на власта во Македонија“. Декларацијата е потпишана од 49 европратеници од 21 држава.

osuda

 

Писмената декларација за обидот за недемократско преземање на власта во Македонија

„Ја изразуваме нашата загриженост за последниот развој на  политичката ситуација во Република Македонија, особено за неодговорното однесување на политичката опозиција.

Ја поддржување интеграцијата на Република Македонија во Европската унија и НАТО  и укажуваме дека за евро-атлантската интеграција на државата постои заедничка одговорност  и на владеачките и опозициските партии во Република Македонија.

Укажуваме  дека парламентарните избори во Република Македонија беа слободни и фер,  согласно нотираното во извештаите на ОБСЕ и ПС на Совет на Европа“.

Ги осудуваме:

-заканите на Зоран Заев, претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија кон премиерот на Република Македонија, Никола Груевски

-инволвираноста на странски тајни служби и нелегалното прислушкување на највисоките државни претставници на Република Македонија

Укажуваме:

-дека само политички аргументи и програми поддржани од граѓаните се демократскиот начин да се добијат избори

Бараме:

-продолжување на политичкиот дијалог  и одговорно однесување на опозициските Социјал- демократи и целосно искористување на нивните мандати во Собранието на Република Македонија

-слободна и независна судска постапка според највисоките Европски стандарди и целосна транспарентна постапка

Го поддржуваме особено важниот политички дијалог во решавањето на конфликтите и  повикуваме на одговорно однесување на политичката опозицијата почитувајќи ги демократските правила на политичкиот систем“.

Зад оваа декларација се потпишаа звучни политички имиња од цела Европа, вкупно 49 политичари од 21 земја.

potpisi

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top