Папата Францис има денеска приватен ручек со својот претходник Бенедикт, прва средба од ваков вид која е направена за повеќе од 600 години, барем не постои јавен документ за таква средба, јавува Би-Би-Си. Папата Францис пристигна со хеликоптер во Кастел Гандолфо, најпрво на разговори со Бенедикт во библиотеката на летната резиденција, но повеќе детали не се соопштуваат, со оглед на фактот што официјален Ватикан нагласи дека се работи за приватна средба и соопштение за јавност не е планирано.
Сепак, има информации дека Бенедикт подготвил личен меморандум за Папата Франциск, кој опфаќа чувствителни теми како аферата Ватиликс, во која се наоѓаат корупциските и педофилските скандали со кои католичкиот свет стана разнишан и со тоа и авторитетот на Ватикан и самиот папа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.