| четврток, 6 декември 2018 |

Уставен суд го ослободи Јанез Јанша

janez jansaСловенечкиот Уставен суд ја поништи двегодишната затворска казна за поранешниот премиер Јанез Јанша поради нерегуларности во процедурата и побара повторно разгледување на корупцискиот случај.

Јанша во очекување на новиот судски процес ќе биде ослободен, соопшти судот, потврдувајќи дека одлуката за поништување на пресудата била донесена едногласно.

Поранешниот словенечки премиер беше осуден на две години затвор во јуни 2013 година поради земање поткуп во врска со планираната набавка на 135 блиндирани возила од финската компанија „Патриа“ во 2006 година, кога тој беше претседател на владата. Подоцна оваа зделка беше повлечена.

Јанша демантира дека земал пари од „Патриа“, објаснувајќи дека процесот против него бил политички мотивиран.

Парламентот му го одзеде пратеничкиот мандат на лидерот на конзервативната Словенечка демократска партија во октомври минатата година поради судската пресуда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top