Екстремно високи температури можеме да очекуваме во јули и август, а веројатноста на обилни и чести врнежи е многу мала иако не може со сигурност да се тврди дека нема понекаде да врне.
Метерологот Зоран Вакула прогнозираше дека e ова лето ќе биде натпросечно топло. Во колумната што ја напиша за ХРТ во повод Денот на планетата Земја кој се одбележа денеска рече дека минатото лето беше во поголемиот дел топло, но поради недостиг на сончеви денови и големото количество врнежи впечатокот за топлината се изгуби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.