| четврток, 6 декември 2018 |

Торнадо пустоши во Бангладеш

Во налет на силно торнадо, кој опустоши десеттина села во источниот дел на Бангладеш, загинаа најмалку 20 лица, а повредени се повеќе од 300 жители, откако синоќа, по локално време го зафати невремето, соопштија локалните власти.
Торнадото 15 минути рушело сè пред себе, а силните олуи и торнада, од март до средина на мај, се чести воочи четворомесечниот дождлив монсунски период, кога бројот на загинати, во изминативе години, достигнувал и до 100 лица во зафрлените села во Бангладеш.
Торнадото носело покриви, откорнувало дрвја и столбови за електрична енергија. Локалните власти јавуваат дека бројот на загинатите би можел многу да се зголеми по новите информации за тројно повеќе повредени во округот Брахманбари, на околу 100 километри југоисточно од Дака.
Повеќе од 500 домови претрпеле материјална штета, а спасувачките тимови се упатени во областа каде бројни возила се демолирани и затворени голем број делници од автопатот и железничката пруга.
Меѓу оштетените згради е и затворот на Брахманбари, кој делумно е урнат и усмртени се неколку чувари, но управата соопшти дека сите затвореници останале во објектот и се безбедни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top