| четврток, 6 декември 2018 |

Евролига: ЦСКА Москва обезбеди учество на фајналфор турнирот

Екипата на московска ЦСКА обезбеди учество на фајналфор турниот оваа сезона во Евролигата, откако рускиот гигант вечерва славеше победа на гостувањето во Атина против тимот на Панатенаикос со 74-55.
Со пласманот на завршниот турнир ЦСКА обезбеди 12.учество во 13 години, со според игрите што ги прикажа во текот на сезоната важи за главен фаворит за тронот.
Играчите на ЦСКА по поразот во третиот натпревар од четврфиналната серија беа решени да дојдат до победа и да не му дозволат на противникот да изедначи на 2-2 во победи. За тоа се погрижи Нандо Де Коло кој беше најуспешен во својот тим со 18 поени.
Уште во првиот период ЦСКА дојде до двоцифрена предност која успешно ја сочува до крајот на натпреварот, а во третиот период и ја надогради. Покрај Де Коло во ЦСКА двоцифрен број поени имаа и Кириленко (13), Хајнс (12) и Сони Вимс со 11 коша.

Покрај ЦСКА со макисимални 3-0 против Макаби, своето учество го обезбеди и турскиот тим Фенребахче.
Утре се четвртите натпревари од дуелите Олимпијакос – Барселона и Анадаолу Ефес – Реал Мадрид. Олимпијакос води со 2-1 и има огромна предност на домашен терен да ја заврши серија и да се пласира на фајналфорот, а во вториот меч утре Реал Мадрид има предност со 2-1 и ќе се обиде уште во Истанбул да ја заврши серијата до три победи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top