Бавноста на реформите и непредвидливоста на економската политика се само некои од причините поради кои германските компании се незадоволни од условите за работа во Србија и тоа за прв пат по 10 години.
– Три фирми од Германија кои ги анализирале условите за работа во окружувањето отидоа во македонија, а не во Србија, рече директорот на делегацијата на германското стопанство во Белград Мартин Кнап.
Конкуренција
Претставувајќи ги анкетите на германско-српското економско здружение (DSW) за условите за работа во Србија за 2015 година, тој истакна дека во борбата за инвеститори конкуренцијата во источна Европа се зајакнала, како и тоа дека германските инвеститори почесто одат да инвестираат во Македонија отколку во Србија.
Амбасадорот на Германија во Србија, Хајнц Вилхелм оцени дека владините реформи сеуште не даваат резултати.
Нема полет
– Стопанството во Србија не е вистински придвижено и покрај мошне храбрите реформски чекори кои ги почна претседателот на Владата Александар Вучиќ. Не дојде до полет и раст во земјата и тоа важи и за германските претпријатија кои работат во Србија, рече амбасадорот кој забележа дека во Србија недостига претприемачки дух.
– Сметам дека тоа е тешка задача која не може да се речи од денес за утре, но токму овие реформски закони се движат во вистинска насока, рече Вилхелм и како пример за позитивно работење ја наведе „Ер Србија“.
Тој истакна дека од економски аспект земјата која води преговори за членство во ЕУ на добрат пат е да стане европска и да ги преземе европските стандарди.
– Процесот на приклучување на ЕУ тече и тоа е важен фактор, рече Вилхелм, кој не можеше да каже кога првите поглавја ќе бидат отворени бидејќи тоа е политичко прашање. Во Србија работат 370 фирми од Германија кои вработуваат 25.000 луѓе.
Роналд Зелингер
Исчезна еуфоријата
Претседателот на германско-српското стопанско здружение Роналд Зелингер вели дека проблемот е во спроведувањето на реформите, но ги пофали српските работници како вредни и образовани.
– Исчезна еуфоријата која владееше извесно време. Реформите постојат и се занимаваат со вистински теми, но се бавни во споредба со останатите земји од опкружувањето, рече Зелингер и како лош пример го наведе податокот дека за 28 дена може да се добие градежна дозвола, но дека се потребни месеци за неа да се поднесе барање.
Што не им се допаѓа на Германците
– правната сигурност
– јавната урпава
– борбата против корупцијата и криминалот
– транспарентност на јавните тендери
– предвидливоста на економската политика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.