-ВМРО-ДПМНЕ секогаш е со народот и меѓу народот, а овојпа посебно чувствуваме потреба да бидеме тука бидејќи народот има тежина поради актуелната ситуација и сака да ги слуше нашите ставови за актуелната ситуација и нашите пораки за да бидат спокојни, мирни и сплотени граѓаните и да не наседнуваат на провокации-ова во вестите на Сител телевизија го истакна министерот за финансии и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ставрески, кој ја предводеше трибината во Гостивар.
Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ како и институциите во државата имаат сила за да се справат со сите предизвици и дека не е првпат да бидат ставен пред предизвици било од внатрешни или надворешни сили.
– Граѓаните да знаат дека безбедноста им е загарантирана и дека ќе продолжиме по патот што е зацртан за Р.Македонија, а тоа е да се решаваат вистинските проблеми на грааѓаните, да се обезбедуваат инвестиции и работни места, земјата да биде стабилна а граѓаните мирни и спокојни, рече Ставрески.
Во гостиварскиот регион, рече тој, се реализирани многу прокети, како и на другите граѓани низ Македонија откупување на дворното место за едно евро по квадрат, легализиација на објектите, повисоки пензии и плати, изградба на локална инфраструктура, како и решавање на прашањето за чиста вода за пиење, со пари од буџетот на општина Гостивар.
– Токму тука е и силата на ВМРО-ДПМНЕ во реланите проекти и реалната вистина, з аразлика од виртуелната вистина што сака да ја креира опозицијата и Заев. Граѓаните никого не бираат на база на телефонски разговори или креирани и монтирани и стекнати во една незаконска постапка материјали, ниту пак сакаат да слушаат препукувања помеѓу политичарите. Тие сакаат да ги решаваме нивните проблеми и токму тоа е она што Груевски и екипата на ВМРО-ДПМНЕ го праваше изминатите 9 години. Затоа СДСМ не треба да се прашува зошто ја имаме довербата на граѓаните, ја имаме затоа што многу работиме и решаваме многу нивни проблеми, потенцираше Ставрески во вестите на Сител телевизија, кој доаде дека ќе останат посветени на граѓаните и на решавање на нивните проблеми.
Тој додаде дека тоа не значи дека ги решиле сите проблеми, но дека покажува дека работеле напорно да донесат инвеститори и да отворат нови рабтни места. Тој потсети и дека е најавено отвирање на 2.000 нови работни места во фабрика која ќе се отвори во зоната во Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?