| четврток, 6 декември 2018 |

Последен чин од трилогијата на Реал Мадрид и Атлетико во ЛШ

Последен чин од трилогијата на фудбалските дуели во Лигата на шампионите ќе имаат во Мадрид во градското дерби, големите ривали Реал и Атлетико. Во период од неполни две години, двете екипи ќе играат по третпат, вечерва, а влогот е полуфиналето во елитното континентално натпреварување.

На „Сантијаго Бернабеу“ и домаќинот Реал и гостинот Атлетико ќе тргнат од почеток, од 0-0 колку што беше на првиот четвртфинален дуел на „Висенте Калдерон“.

Реал беше поуспешен во најважниот меч минатата сезона во финалето на ЛШ и славеше со 4-1 по дополнителното време и ја освои десеттата титула.

Atletiko Madrid

Популарната „Ла Десима“ вечерва кралевите ќа ја бранат без неколку стандардни играчи што е голем проблем за Карло Анчелоти. Во белиот дрес ќе ги нема Модриќ, Бензема, Бејл и Марсело, што е зрак надеж за Атлетико дека ќе ја продолжи импресивната серија сезонава без пораз од Реал. На 7 меча Атлетико победи 4 пати, а три дуели завршија без победник.

Возбудливо ќе биде и во кнежевството, во Монако, каде домашниот тим ќе го пречека Јувентус. Гостите од Торино имаат предност од 1-0 од првиот меч, што не е гаранција за успех против одличниот тим од Франција. Монако плени со игрите, беше рамноправен, па и подобар ривал во првиот дуел, а по пауза од 13 години има шанса да се најде во полуфиналето на ЛШ.

Вчера, Барселона и Баерн го визираа патот кон завршницата со победи против ПСЖ, односно Порто.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top