| четврток, 6 декември 2018 |

Нов венец пред Владата за потребите на СДСМ

venecot-na-Borjan-4

Венецот кој бил испратен до домот на Борјан Јовановски СДСМ го исполитизира, односно го искористи за свои политички цели и партиски поени. Тој послужи како вовед во последниот опозициски циркус. Овој настан кој што доби политичка заднина во служба на СДСМ, се случи непосредно пред СДСМ да излезе со креирани телефонски разговори поврзани со медиумите и веднаш по прозивките дека Јовановски на банкарска сметка добил 68 илјади евра од странство, трансакција која новинарот не ја демантираше.

Медиумите финансирани од СОРОС, контролирани од СДСМ, се приклучија на манипулацијата на јавноста која ја прави партијата која ја креира политика на овие медиуми. По објавувањето на фотографијата на сопругата на Јовановски со погребален венец, соросовите медиуми без било каква истрага и без никакви докази донесоа пресуда посочувајќи го прстот во владата. Иако насобраните новинари посочија дека фрлањето на венец пред Владата не е порака дека Владата го нарачала и испратила венецот, овие медиуми излегоа со вакво тврдење. Порталот на Бранко Геровски, „Плусинфо“ во наслов посочи дека Владата е нарачателот. Геро веројатно спровел истрага пред надлежните институции.

za naum

Се поставува и прашањето – зошто венецот се фрли пред Владата, откако претходно ВМРО-ДПМНЕ, како и новинарските здруженија ја осудија заканата кон Јовановски. За волја на вистината, венецот кој бил оставен пред домот на Јовановски е во полиција.

Венецот кој бил доставен до домот на Јовановски

Венецот кој бил доставен до домот на Јовановски

Пред Владата беше донесен нов венец. Некој отишол, купил нов венец со порака „Последен поздрав“ за да го фрли пред Влада. Морбидно и налудничаво…

Венецот кој беше фрлен пред влада

Венецот кој беше фрлен пред влада

Како и да е, некој му купил нов венец на Борјан за да го фрли пред влада.  Иако Новинарскиот пленум посочи дека не сметаат дека Владата е нарачателот, сликата која тие ја создадоа со собирот и театарот пред влада е поинаква. Само го продолжија театарот на лагите и самопрогласувањето на жртви.  Со манипулациите и црните сценарија кои ги креираат, медиумите под контрола на Сорос намерно ја извртуваат вистината, како дел од големата приказна на опозицијата за наводна загрозена слобода и демократија.

za

Во тоа сценарио таканаречените борци за демократија се платеници на Сорос чија што задача е да внесат немир кај граѓаните и со креирање на лажни погрешни перцепции да создадат раздор.

nova

Случајот „Враќање на венецот на Борјан“ е смислен како обид да се нанесе штета со ширење невистини и прогласување на жртви. Лагата е до толку проѕирна и заради обидот со манипулација со измислени други закани кон други новинари кои се главна тема во соросовите медиуми. Од истите овие не се слушна никаква осуда за нападот врз Радио Слободна Македонија, организираните секојдневни обиди за упад во МРТВ и притисокот врз уредниците и новинарите во овој медиум, за  вербалниот напад врз Дејан Николовски, новинарот Бобан Нонковиќ, Горан Петревски… Оваа пропаганда е позната работа. Истиот терк го имаше иницијативата „Овде сме , тепајте“ кога актуелниот шеф на комуникации на СДСМ Роберт Поповски, организираше политички протести прогласувајќи новинари за жртви.

За тоа постојат видео материјали и изјави на сведоци. Сето ова е дежа-ву на минатите времиња кога Сорос со лаги и манипулации од истите луѓе на недемократски начин сакаат да предизвикаат криза и недемократска атмосфера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top