Одговорноста за вчерашниот напад на караулата кај Гошинце во името на УЧК ја презеде извесен командант Фљамури, чие писмо, преведено на македонски јазик ви го пренесуваме во целост.
„Дискриминацијата и репресијата врз Албанците во Македонија стана неподнослива. Декаденцијата, политичката неспособност, економската и културна дискриминација и социјалниот развој бараат повторно будење на УЧК.
Ги повикуваме сите службеници, особено Албанците веднаш да ги облечат униформите и да се приклучат на востанието.
Ги повикуваме на одреденото место и војниците веднаш да застанат на страната на народот, а не на фашистите и олигарсите кои ќе ги однесат во смрт.
Ги повикуваме сите политички фактори веднаш да ги замрзант своите политички активности во Македонија.
Првата победа на УЧК во Гошинце ни дава сила за други големи победи.
Албанците очекуваат подобри времиња. Очекуваме поддршка од сите Албанци, каде и да се“
Комадант Фљамури
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.