| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобил излетал од пат, четворица повредени

Четири лица се полесно повредени откако вчера попладнето на автопатот Скопје-Тетово, во непосредна близина на клучката Групчин, автомобил „голф“ загубил контрола и излетал од патот.

При излетувањето со повреди се здобиле 64-годишниот Р.В. и тројцата сопатници на возраст од 51, 22 и 52 години, сите од Желино. По укажаната лекарска помош лицата се пуштени на домашно лекување.

Од СВР Тетово информираат дека извршен е увид и се утврдуваат причините и се друго поврзано со излетувањето.

Првично, причина е неприлагодена брзина, додека вкупната материјална штета се проценува на 80 илјади денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top