| четврток, 6 декември 2018 |

Гвинет Палтроу поднесе барање за развод

гвинет

Оскаровката, Гвинет Палтроу и музичарот Крис Мартин официјално се разделуваат, откако актерката поднесе барање за развод.

Палтроу како причина за пропаѓање на 11-годишниот брак ги наведе непремостливите разлики.

Актерката и фронтмен на бендот Колдплеј се венчаа во декември 2003 година и имаат две деца.Двојката, како што наведе ѕвездата на филмот „Вљубениот Шекспир“, се разделиле во мај 2013 година.

Палтроу побара заедничко старателство над децата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top