-Три компании од Германија кои што ги анализираа условите за водење бизнис во регионот заминаа во Македонија, а не во Србија – вели директорот на делегацијата на германското стопанство во Белград, Мартин Кнап.
Претставувајќи ги резултатите од анкетата на германско – српското работно здружение за условите за водење бизнис во Србија за 2015-та година, тој рекол дека во борбата за инвеститори конкуренцијата во Источна Европа доста е засилена, како и дека германските инвеститори повеќе сакаат да инвестираат во Македонија, отколку во Србија.
Амбасадорот на Германија во Србија, Хајнц Вилхелм оценил дека реформите на српската влада се уште не даваат резултат.
– Стопанството во Србија не е вистински придвижено и покрај доста храбрите реформски чекори од страна на премиерот Александар Вучиќ. Не е дојдено до полет и раст во земјата и тоа важи и за германските компании кои што работат во земјата- вели амбасадорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.