| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 230 здравствени работници на усовршување во странство

lekari

Од почетокот на годинава 234 здравствени работници се испратени на едукација во реномирани медицински центри во Европа и светот во рамки на проектот за едукација на здравствениот кадар во странство.

Министерството за здравство соопшти дека во текот на овој месец, на едукација во странство се испратени 72 здравствени работници, во повеќе медицински центри во Европа и САД, меѓу кои: Универзитетски медицински центар АКХ – Виена, медицински центар Роналд Реган – УКЛА, САД, Клиника Штутгарт, Универзитетски клинички центар Хамбург – Епендорф, клиника АТОС – Германија, Универзитетска болница Чапа Черепаша – Истанбул, Клинички центар Љубљана, болница Токуда – Софија, Центар за тренинг – Измир, Турција, Клинички центар Белград, болница Шафак – Истанбул.

До крајот на овој месец, како што е наведено, дополнителни 18 здравствени работници ќе бидат испратени на едукација во медицински центри во Ново Место, Словенија и Истанбул, Турција.

– Проектот за едукација на здравствениот кадар во странство овозможува стекнување нови знаења и вештини, како и совладување нови методи за лекување и третман на пациентите, со цел континуирано унапредување на квалитетот на здравствените услуги во Македонија, посочува Министерството.

Проектот се спроведува изминатите три години, а од почетокот на имплементација досега на едукација во странство се испратени над 1.300 здравствени работници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top