| четврток, 6 декември 2018 |

Предавање за конзервација на мозаиците од римскиот град Зеугма

Д-р Роберто Нарди денеска во Археолошки музеј во Скопје ќе одржи предавање на тема „Конзервација на мозаиците од римскиот град Зеугма во Турција“.Д-р Роберто Нарди е директор на центарот за археолошка конзервација од Рим, Италија и претсeдател на Меѓународниот комитет за конзервација на мозаици.

Предавањето е организирано од страна на фондацијата Балканско наследство од Република Бугарија, во соработка со Национална установа Стоби и Археолошки музеј на Македонија.

Предавањето ќе започне од 15 часот во конференциската сала. Влезот е слободен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top