| четврток, 6 декември 2018 |

Петровски: СДСМ оди по истиот терк од 2001-ва година

филип

Се повторува ли 2001-ва година, прашуваат луѓето. Тие знаат дека тоа е нешто лошо. На Македонија не и беше дозволено да се брани, а беше нападната од косовски структури. Македонија тогаш беше принудена на сила да го смени уставот. Народот тогаш требаше да биде избришан од Уставот. Ова го вели Филип Петровски, во емисијата на Јанко Илковски.

-Тогаш бевме принудени да се редифинира значењето на народот. Неколку пратеници тогаш бевме прилично жестоки, го принудивме тогашниот претседател Трајковски да се избрише преамбулата. Со сила се противевме против преамбулата да се избрише македонскиот народ. Да немавме цврста позиција, ќе пројдеше неповолниот сет. Сега тоа е дел од историјата, но за жал историјата се повторува. Многу од актерите се исти и што е најтрагично СДСМ оди по истиот терк од 2001.  Црвенковски излезе со папка прислушкувани разговори чија веродостојност никогаш не се утврди. Верушевски и другите се иста констанца и тогаш и сега – рече Петровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top