| четврток, 6 декември 2018 |

Косовското МНР го осуди нападот на полициската станица во Гошинце

kosovo

Министерството за надворешни работи (МНР) на Косово го осуди нападот на полициската станица во Гошинце.

Во соопштението се наведува дека веста за нападот била примена со голема загриженост. Во него исто така стои дека најостро се осудува секој акт на насилство врз органите на редот на Република Македонија и истовремено се апелира на професинална и нееднострана истрага.

Официјална Приштина искажува подготвеност да им помогне на македонските авторитети за да се откријат сторителите на овој акт.

– Република Косово како фактор на стабилност во регионот, останува во одлучноста за унапредување на климата на добрососедство, почитувајќи ги суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија, како соседна земја, како и целосната имплементација на Охридскиот договор – се наведува во соопштението на косовското МНР

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top