Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска потврди дека на крајот на мај ќе ја посети Тирана, соопшти Танјуг.
Вучиќ посетата ја потврдил во разговорот со својот албански колега Еди Рама во Брисел. На 26 мај во албанската престолнина ќе се оддржи Самит на земјите од Процесот за соработка во југоисточна Европа (ПСЈИЕ).
Еди Рама со Вучиќ разговарал за заедничките проекти на земјите од
Западен Балкан, кои денеска беа претставени на средбата со високо позиционираните претставници на ЕУ, информираат албанските медиуми.
Рама подвлекол дека односите меѓу Албанија и Србија се од исклучително значење за стабилноста и социјално-економскиот развој на Балканот и Европа во целина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста