Ерменскиот Парламент денеска едногласно усвои резолуција со која меѓународната заедница се повикува да го прогласи за геноцид масакрот на 1,5 милион Ерменци во Османлиската империја, пред 100 години, и да го осуди како тешко злосторство против човештвото, пренесе ДПА.
Ерменија во петок ќе ја одбележи 100-годишнината од масакрот од периодот 1915-1916 година, во кој, според податоци на историчарите, биле убиени 1,5 милион Ерменци. На церемонијата во Ереван ќе присуствуваат претседателите на Русија, Владимир Путин, и на Франција, Франсоа Оланд.
Турција, државата наследник на Османлиската империја, го отфрла терминот геноцид и тврди дека бројката на жртви е преувеличена.
Ерменија и активистите за правата на човекот ја обвинуваат Анкара дека го негира геноцидот, забележува ДПА.
Досега над 20 земји го признаа геноцидот. Меѓу нив се Русија, Франција и Либан. Терминот геноцид го користат Европскиот Парламент, папата Франциско и други институции.
Германската Влада неодамна соопшти дека ќе поддржи во Парламентот да се поднесе предлогот за признавање на геноцидот.
Но, други држави, како САД, Велика Британија и Израел, одбиваат да го признаат геноцидот, образложувајќи дека ќе ги влоши нивните односи со Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ахмети бара, а Заев ќе прогласи геноцид врз Албанците
-
Георгиевски: Сакаат да ја поделат Македонија на три дела и македонскиот народ да го окарактеризираат како геноциден
-
Дачиќ: Глупост и фалсификат е дека врз Албанците во Македонија е вршен геноцид
-
Дачиќ: ОВК изврши геноцид врз српскиот народ во Косово